Во градот Гранд Рапидс во американската сојузна држава Мичиген е изградена куќата „Цицерон“, која претставува пример за комбинација на традиционалниот и модерниот дизајн.
Куќата се карактеризира за восхитувачки константен тек на просториите за дневен престој.
Кујната содржи симетрично распоредени елементи и преку широка двокрилна врата е повразна со трпезаријата.
Во дневниот престој е поставен двостран камин, кој го дели просторот на дневна соба и на соба за прием на гости,
Кулимнацијата во овој простор е постигната со раскошен бар и со пространиот дел за забава на гостите.
Главната спална соба се картеризира со прекрасен свод на таванот и со големи прозорци од каде се пружа восхитувачки поглед и овозможува овој дел од куќата да биде удобно засолниште од модерниот забрзан животен стил.
Природната палета на темно сивата и бледо кафената (беж) боја со кои е акцентиран софистицираниот мебел од природно дрво совршено го отсликуваат современиот декор, кој е надополнет со лустери во модерен стил.