Орав: Во петок ќе биде објавена проценката за изборите

Од:

Во овој момент е важно е да се каже дека проценката се уште не е подготвена, може да биде во една или друга насока, а тоа зависи односно е во рацете на партиите, изјави денеска евроамбасадорот Аиво Орав, одговарајќи на новинарско прашање што може да се очекува во петок, кога е последниот рок ЕУ и САД да дадат оценка дали се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 24. април, согласно договорот од Пржино.

Тој не потврди дали еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во петок ќе пристигне во Скопје и ќе има средби со лидерите на четирите политички партии потписнички на договорот од Пржино. Појасни дека извештајот на Прибе е многу важен, но во оваа фаза ЕУ не го вклучува во проценката, бидејќи, истакна, сега проценуваат само дали земјата ќе биде подготвена за изборите на 24 април.

– Процесот со извештајот на Прибе и итните реформски приоритети ќе продолжат. Како што се сеќавате во нашиот извештај за напредокот на земјата во ноември, ЕК даде условена препорака и затоа ќе се навратиме на ова прашање по изборите. Во извештајот што ќе го подготвиме по изборите, планираме да се осврниме и на извештајот на Прибе, нагласи Орав на денешната прес-конференција во СЕП на која беше претставен ИПА статусот на спроведување.

Според него, се е поврзано со развојот на ситуацијата. Како што информиравме претходно, рече Орав, ќе ја процениме ситуцијата не подоцна од 20. февруари.

– Од една страна 24 април е дел од договорот како ден за предвремени избори, но од друга страна има многу задоцнувања во имплементацијата на договорот од Пржино. Па така сите страни се во право, рече евроамбасадорот Орав.

Тој потсети дека ја оценуваат ситуацијата во три области за подготовката за изборите и тоа прво ДИК и Избирачкиот список, во однос на персоналот на ДИК и ревизијата на Избирачкиот список, второ медиумите-балансирано известување и договорот на четирите партии за медиумите, одвојувањето помеѓу државата и партиите, како и притисоци и закани.

– Можеби се уште може да се постигне нешто. Во петок ние ќе ја претставиме нашата проценка, повтори Орав.

Вицепремиерот Фатмир Бесими прашан како ќе се однесува Владата доколку ЕУ оцени дека нема услови да се одржат предвремени избори на 24.април, одговори дека во вакви политички чувствителни приоди не би сакал да шпекулира.

-Треба да се испочитува целосно политичкиот договор и Македонија да спроведе фер и демократски избори согласно меѓународните стандарди, кои ќе овозможат понатаму да се фокусира на реформите и да се обезбеди евроатлантската перспектива. Интересот на државата е да ги направи што побргу сите потребни реформи за да се отиде на демократски и слободни избори, за да можеме да се фокусираме на реформите и на економскиот развој, рече Бесими.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар