Сите активности што ги презема Република Македонија во врска со мигрантската криза треба да бидат усогласени, пред сè со соседните држави, како и со Европската унија, за да не се доведеме во безизлезна состојба, со тешки последици по безбедноста и стабилноста на државата, укажа денеска преку соопштение Демократскиот сојуз.
– Прифатот на мигрантите и нивниот транзит треба да се одвива како и досега, но Република Македонија не може да биде „регрутен центар“ за мигранти или пак да отвора кампови во кои присилно ќе ги задржува тие кои сакаат да го продолжат патот до некоја од нивните крајни дестинации, се истакнува во соопштението.
Од ДС бараат Владата да изгради јасен и усогласен став, без политички калкулации и пазарења.