Работнички го совлада шампионот МЗТ Скопје Аеродром

Од:

Кошаркарите на Работнички вечерва успеаја на домашен терен во салата „Градски парк“ да го совладаат првакот МЗТ Скопје Аеродром со 74:71 на последниот натпревар од 17.коло од Првата лига. Со ова е прекината низата од 14 победи на шампионит МЗТ Скопје во домашната лига. За Работнички ова беше седма победа во шампионатот.

Резултат по четвртини: 19:13; 14:20; 24:21; 17:17.

Домаќинот Работнички подобро го почна натпреварот и во неколку наврати имаше предност од 11 поени разлика. Во 16.минута МЗТ Скопје за првпат поведе со 28:27, но на полувреме резултатот беше 33:33. На почетокот на вториот дел Работнички повторно имаше двоцифрена предност (+13 поени – 55:42), но во последниот период (34.минута) МЗТ Скопје водеше со пет поени разлика – 64:59. Сепак играчите на Работнички успеаја да собрат сили и во финишот повторно поведоа и заслужено стигнаа до победата.

Димче Тасовски со 19 поени беше најефикасен кај Работнички, додека Марко Луковиќ (МЗТ Скопје) постигна најмногу поени на натпреварот 22.

На другите дуели од 17.коло: Струмица – Кожув 74:90, Фени Индустри – Бест 93:74 и Карпош Соколи – Куманово 90:94.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 15-2 (победи-порази), Карпош Соколи 13-4, Куманово 12-5, Фени Индустри 10-7, Кожув 8-9, Работнички 7-10, Струмица 3-14, Бест 0-17.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос