Во пресрет на референдумот за усвојување на новиот Устав на Тајланд, владејачката воена управа ја овласти Изборната комисија да донесе повеќе нови правила, со цел да се обезбеди регуларно и демократско изјаснување на граѓаните.
Изборната Коиисија, чиј акт треба да го одобри и кралот на Тајланд усвои повеќе драстични казни за оние кои го нарушуваат процесот на гласање, со максимална казна до 10 години затвор.
Високи парични казни и до 10 години затвор во Тајланд им се закануваат на тие што поттикнуваат немири или ги заплашуваат гласачите во каква и да е форма, вклучувајќи ги и интернет порталите.
Слични казни се предвидени и за лицата кои ќе нудат поткуп, а уште полошо ќе поминат оние кои е бидат фатени да прават малверзации со гласачките кутии или материјали.
Промената на казнената политика за гласачкиот процес во Тајланд е правена и со сугестии и мониторинг на екипи од Обединетите Нации и бројни меѓународни организации. Прифакајќи ја нивната соработка, покрај другото, сегашните власти, кои ја презедоа контролата во државаѕа по воениот удар од мај 2014 година, сакаат да докажат дека нема да прават пречки во процесот на враќањето на демократијата.
Без оглед на тоа дали на референдумот закажан за 31 јули ќе биде прифатен или одбиен новиот Устав, избори во Тајланд ќе се одржат на пролет идната година.