Микл-Лајтнер: Домино ефектот кон Балканот се одвива според планот

Од:

Министерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл-Лајтнер денеска изрази задоволство од „домино ефектот“ на Балканот, после одлуката на официјална Виена да го ограничи приемот на бегалци годинава на 37.500 баратели на азил.

– Домино ефектот долж балканската рута се одвива како што беше планирано. Важно е секоја земја да го заостри своето дејствување на границата и тоа да го правиме усогласено, порача Микл-Лајтнер по најавите на Словенија, Хрватска, а и Србија и Македонија за запирање на бранот бегалци, пренесува Танјуг.

Таа потенцираше дека пред се со Словенија, Австрија интензивно го усогласува своето дејствување.

– Одиме чекор по чекор, потенцира Микл-Лајтнер.

Досега, во тековната година, во Австрија околу 9.000 поднеле барање за добивање азил, што значи дека до крајот на годината, во просек, уште 90 до 100 луѓе дневно можат да поднесуваат барање за азил во оваа земја.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа