СДСМ: Граѓаните имаат право на чиста животна средина и чист воздух

Од:

„Граѓаните во Македонија со месеци континуирано дишат воздух полн со канцерогени ПМ10 честички, опасен по нивното здравје.

Според официјалните податоци од мерните станици, само минатата година граѓаните се гушат од загаден воздух.

• Во текот на целата 2015 година, од 365 дена во годината воздухот во Тетово бил загаден дури 365 дена. Немало ден во Тетово граѓаните да дишат чист воздух!
• Жителите на Центар во 2015 година дишеле 266 дена екстремно загаден воздух, од 365 дена во годината.
• Жителите на Лисиче во 2015 година дишеле 325 дена екстремно загаден воздух од 365 дена во годината.
• Граѓаните на Битола во 2015 година дишеле 276 дена екстремно загаден воздух.
Колку треба граѓаните да платат за да дишат чист воздух? До кога граѓаните ќе плаќаат и со своето здравје?

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ потрошија 630 милиони евра за споменици, а граѓаните на Македонија дишат загаден воздух полн со опасни, канцерогени честички.

Само дел од овие 630 милиони евра можеа да се инвестираат во животната средина и целосно да се реши проблемот со загадувањето на воздухот.

Криминалните политики на Никола Груевски им одземаа 10 години живот на граѓаните.

Власта во заминување е одговорна за загадувањето на животната средина и за нарушеното здравје на граѓаните.

СДСМ знае како да ги промени состојбите со огромна загаденост на воздухот и животната средина. Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста граѓаните ќе дишат чист воздух“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му