ЛДП: Специјалниот суд е потреба, а не перцепција

Од:

„Либерално-демократската партија уште еднаш укажува на нужноста од формирање на Специјален суд, кој ќе ги процесуира обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство.

После сите дебати „за“ и „против“ во изминатите денови, предочуваме дека  специјалниот суд е потреба, а не перцепција.

Разумно е да се држиме до суштината, која ќе биде неговата задача, а не до формата.

Како политичка партија, сметаме дека евентуалните „забрани“ во Уставот, може да се избегнат преку формирање на посебно одделение во Кривичниот суд, кое ќе ја има улогата на Специјален суд, со сите гаранции и предуслови за независно, транспарентно и законито судење.

Суд со кредибилни судии, кои ќе се раководат по правото и правдата.

Јавноста не им верува на „сваровски“ судиите и на нивните соучесници кои сакаат да го помилуваат политичкиот криминал и да ја девалвираат волјата на народот.

Што се однесува до изјавата на претседателот на Судскиот совет, Бранко Ушковски, му порачуваме внимателно да го прочита извештајот на Прибе, ако не му е јасно кој врши влијание врз судството.

Впрочем и самиот Ушковски е дел од  опозициските бомби каде беше посочено дека е партиски избран без да ги исполнува ниту  основните критериуми за функцијата.

Оттаму сметаме дека човек со ваков кредибилитет беспредметно е да зборува за Устав и законитост, а уште помалку за „презумција на невиност“.

Најмалку што можеме да очекуваме од Ушковски, после сето ова, е да си поднесе оставка.

Република Македонија со работата на СЈО и формирањето на Специјален суд ќе ја има таа историска шанса да го ослободи судството од „Груевизмот“ и партиското делење на правдата, да ја врати довербата во правосудниот систем и секој граѓанин да биде еднаков пред судот и законите“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство