Дерби во „Градски парк“, Работнички домаќин на МЗТ Скопје

Од:

Големото градско дерби од 17.коло во Првата македонска кошаркарска лига, меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром ќе се игра вечерва со почеток од 19 часот во салата „Градски парк“.

Иако шампионот МЗТ Скопје ја има улогата на голем фаворит сепак, кога се во прашање натпреварите меѓу овие две екипи се е можно.

Во досегашните три средби, две во првенството и една во финалето на Супер купот, бранителот на титулата МЗТ Скопје забележа три победи и ја оправда улогата на фаворит. Сепак, натпреварите во домашниот шампионат МЗТ ги доби многу потешко од очекувањата, единствено лесно и убедливо славеше во финалето во Супер купот.
Искусниот тандем на домаќините Мираковски – Чековски со поддршка од трибини ќе атакува на првиот сезонски  триумф и изненадување во дуелите со вечниот ривал од Аеродром.

Ова ќе биде и увертира на претстојната завршница во Купот на Македонија која ќе се одржи во Гевгелија од петок до недела.

На претходно одиграните натпревари од ова коло, Фени Индустри убедливо го победи Бест со 93:74, Кожув славеше на гостувањето кај Струмица со 90:74, исто како и Куманово кој во Скопје беше подобар од Карпош Соколи со 94:90.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 15-1 (победи-порази), Карпош Соколи 13-4, Куманово 12-5, Фени Индустри 10-7, Кожув 8-9, Работнички 6-10, Струмица 3-14 и Бест 0-17.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос