Кривичниот суд под лупа – дали ќе се бара Специјален суд?

Од:

Одлуките на судот да не прифати ниту едно барање за притвор како и реакциите дека е под контрола на власта повторно ја отворат темата за итна потреба од независно судство. Во дипломатските кругови се врти дилемата дали има потреба да се формира Специјален суд или да се извршат реформи во судот, но и како да се професионализира Судскиот совет и да се ослободи од секакви влијанија?

Дипломатски извори за А1он укажуваат дека веќе се анализираат одредени сознанија кои стигнале до нив за влијание во судот и на одлуките да не се одредува притвор за предметот „Титаник“. Ќе се следи натамошниот тек на процесот, меѓународната заедница сака да види дека владее правото во судот, а не партијата, но пред се сака и независна и праведна завршница на работата на Специјалното јавно обвинителство. Од тоа, велат нема да има никакви отстапки.

Во фокусот на анализата бил и претседателот на судот, Владимир Панчевски за кој се собираат информации зошто бил присутен цело време додека траел распитот на екс министерот Миле Јанакиески и заминал во три часот по полноќ веднаш по заминувањето на Јанакиески. Тие разгледуваат дали е таква неговата улога за секој поединечен случај, или пак посебно се ангажирал само за “Титаник“. Се анализира и сознанието и пристигнатите информации дека одбраната на осомничените знаела дека нема да има притвор и пред да почне распитот.

До нив допреле и жалби на одредени судии од Кривичен суд дека деновиве е посебно засилен притисокот . Тие посочувале дека третманот кој се одвива кон осомничените во „Титаник“ воопшто не е ист како што било сугерирано за сите претходно предмети кои без исклучок, сите завршиле со притвор, а се работело за далеку понесериозни дела.

Се испитуваат и информациите кои стигнале до нив дека претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски на два пати ја повикал судијката Славица Андреевска додека се одвивал целиот процес во петокот попладне до 3 наутро.

– Дали кога ги апсеа судиите, Кежаровски, Рамковски, вработени на патарините, полицајци, цариници, лекарите и другите се постапуваше исто како и со осомничените во “Титаник“ е прашање за кое се прават можен чекор испорака на барање реформи во правосудниот систем со акцент на Кривичниот суд и Судскиот совет.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО