Соботка: Учеството на Македонија и Бугарија на Самитот на В4 изразува солидарност

Од:

При совладувањето на миграциските текови, според чешкиот премиер Бохуслав Соботка многу е важно да се стави фокусот на западно-балканската траса, јави дописникот на МИА од Прага.

Како што изјави Соботка, во пресрет на денешниот вонреден Самит на земјите на Вишеградската четворка (В4), во чешкиот главен град, учеството на бугарскиот премиер Бојко Борисов и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов има за цел да испрати сигнал на солидарност со сите земји од Западниот Балкан.

Според Соботка, земјите на В4 за решавањето на миграциската криза интензивно комуницираат не само со Македонците и Бугарите, туку и со Словенија, Хрватска, Србија и Грција. 

– Доколку не го совладаат регулирањето на миграцијата, Турција и Грција, постои можност да се спречи нелегалната економска миграција на границите на Македонија и Бугарија,  изјави Соботка.  

Во врска со земјите на западниот Балкан, тој повтори дека државите не смеат да останат сами во кризата и мора да им помогне ЕУ. 

Лидерите на шесте земји, (Чешка, Словачка, Полска, Унгарија, Македонија и Бугарија) се состануваат непосредно пред Самитот на ЕУ кој треба да се занимава со бегалската криза. 
Вонредниот Самит, внимателно го следи Германија, која минатата недела изрази незадоволство во врска со идејата на Вишеград да се заштити границата на шенгенскиот простор, што практично би значело „изолација” на Грција од Шенгенот.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница