Заоралек: На Германија ќе и го објасниме нашиот пристап кон Балканот за совладување на миграциската криза

Од:

Чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек е убеден дека во моментот има голема смисла за да им се помага на земјите од Балканот за совладување на миграциската криза. 
Ова, како што јавија чешките медиуми го изјавил Заоралек по пристигнувањето на разговори со неговите колеги од ЕУ во Брисел, јави дописникот на МИА.

Во врска со резервираното мислење на Берлин за целта на вонредниот Самит на Вишеградската група (В4), кој денеска во присуство на бугарскиот премиер Бојко Борисов и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов се одржува во чешкиот главен град, Заоралек истакна дека според него не е тешко на Германија да и се објасни чешката позиција. 

– Ние со Германија водиме дијалог на повеќе нивоа и способни сме да се договориме за насоката на миграцијата, која ќе биде дел од заедничкиот европски пристап, додаде Заоралек.

Словачкиот премиер Роберт Фицо во саботата изјави дека Германија за Самитот на В4 (Чешка, Словачка, Полска и Унгарија) се „пожалила“ на шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак.
Со Чешка, германските политички претставници контактирале преку својот дипломаткси претставник барајќи повеќе информации за содржината и целта на Самитот.

На денешната средба во Прага, државниците ќе разговараат за зајакнување на границите меѓу Бугарија, Македонија и Грција.

Според Заоралек, тоа има „голема смисла“, бидејќи за да можат овие држави да ја совладаат ситуацијата, потребно е да бидат опремени, а нивните системи да бидат способни да соработуваат со тие кои ги користи и ЕУ. 

– Значи комуникацијата со земјите на западниот Балкан е исто важна како и комуникацијата со Грција, оцени Заоралек, кој при неодамнешната посета на Атина го поканил во Чешка и грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Според германските медиуми, прашкиот Самит ја изолира германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот план за соработка со Турција за решавање на кризата со бегалците.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница