Кошаркарите на Цедевита ја остварија осумнаесеттата победа во АБА лигата, откако синоќа пред својата публика во Загреб, во натпревар од 24.коло го победија Металац со 77:63.
Со оваа победа Цедевита на две кола до крајот го обезбеди третото место на табелата, па во разигрувањето за противник ќе ја има Црвена звезда.
Во вториот полуфинален дуел од плеј-офот ќе играат Будуќност кој е убедливо прв и екипата на Мега Лекс која од поодамна го осигура четвртото место.
Покрај средбата во Загреб, вчера се одигра и дуелот во Белград, каде Црвена звезда убедливо ја победи Сутјеска со 96:67.
Од ова коло останува да се одигра уште натпреварот меѓу Будуќност и Игокеа, закажан за вечерва од 21 часот.
Табела: Будуќност 21-2 (победи-порази), Црвена звезда 18-6, Цедевита 18-6, Мега 16-8, Партизан 11-13, Задар 11-13, Цибона 11-13, Олимпија 10-14, МЗТ Скопје 9-15, Крка 9-15, Металац 9-15, Игокеа 9-14, Сутјеска 8-16, Тајфун 7-17.