Дачиќ и Тачи повторно кај Ештон

Од:

Српскиот и косовскиот премиер Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, денеска ќе се сретнат во Брисел со шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон. Ова е втора средба за кратко време. Првата средба беше на 19-ти октомври, кога беше договорено дијалогот да продолжи.

Иако дневниот ред не е официјално потврден, се очекува дека првото  прашање  да  биде интегрирано управување на премините, но, исто така, ќе се разговара и за спроведувањето на други договори и гаранции за српското културно и верско наследство.

Целта на денешната средба , како што стои во соопштението на Ештон, е согледување како и каде е можно да се постигне побрз напредок во дијалогот Белград-Приштина и да се применат досегашните договори.

 

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски