Зајакнување на комуникацијата и врската со македонската дијаспора, како и развивање проекти за поддршка на културните, традиционалните, историските и демократските општествени вредности.
Тоа се целите на трибината „Развој преку комуникации“, што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Центарот за информативна и логистичка поддршка на граѓаните „Нов контакт“ – Скопје.
На трибината ќе се зборува за важноста на македонската дијаспора за развојот на Македонија и ќе бидат споделени меѓународни искуства на соработка помеѓу дијаспората и земјата на потеко. Ќе стане збор и за значењето на паричните девизни приливи од дијаспората за развој на претприемништвото, како и за медијацијата, како можност за вонсудско решавање спорови и нејзино искористување од македонски иселеници.
Проектот е поддржан од Програмата за поддршка на граѓанското општетсво во Македонија – Цивика мобилитас, финансисрана од Швајцарската агенција за развој и соработка, координиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка.