Николовски во Кавадарци и Неготино: Одговорност за криминалните политики на Груевски мора да има

Од:

„Членот на Извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николовски, заедно со генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска беа помеѓу граѓаните на Кавадарци и Неготино.

Градовите кои секоја година симболично го одбележуваат денешниот ден, од година во година, се со помал број на штандови на градските плоштади, а се повеќе незадоволни лозари кои мака мачат да ја зачуваат традицијата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Nikolovski f2

– Ни наметнуваат се поголеми трошоци а откупните цени се помали од година во година. Како ние да опстанеме на пазарот кога со години веќе доцнат исплатите на субвенциите. Оваа власт воопшто не води грижа за нас, си ги наполнија џебовите, нивните локални шерифи добиваат државни пари а ние едвај крпиме крај со крај, се пожалија жителите на овој регион, соопштуваат од СДСМ.

Николовски и Спасовски ги образложија мерките од Програмата на СДСМ коишто новата влада ќе ги спроведе по промените, во интерес на сите граѓани на Република Македонија.

Nikolovski f3

– Токму заради ваквите погрешни, криминални политики најавуваме дека веднаш по промена на власта прво што ќе имаат лозарите е сигурност на производството и пониски производни трошоци. Субвенциите ќе ги зголемиме на 160 милиони евра. За разлика од досега, земјоделците ќе ги добиваат навремено и тогаш кога им се најпотребни, пред почетокот на сезоната, возврати Николовски.

– Во изминатиот период почнавме да ги разобличуваме криминалите на Груевски и фамилијата. Мораме да ја вратиме државата назад на граѓаните, да ја вратиме вербата во судството, во полицијата за повторно граѓаните да живееат слободно, да се чувствуват сигурно во сопствената држава, порача генералниот секретар Оливер Спасовски.

Nikolovski f4

Зборувајќи за актуелните случувања Николовски рече дека Никола Груевски не сака слободни медиуми. Груевски бега од слободни медиуми затоа што сака, преку злоупотреба на провладините медиуми, платени со пари на граѓаните, да шири лаги, сокривајќи ги криминалот и корупцијата.

– Груевски три дена бега и несака да одговори за отворените постапки против дел од неговите најблиски соработници. Нека не се крие зад своите медиумски курири, платени со милиони евра народни пари, туку да излезе пред граѓаните и да одговори, порача Николовски.

Nikolovski

Николовски и Спасовски на средбите со граѓаните на Кавадарци и Неготино беа придрижувани од Координаторката на жени на СДСМ Цветанка Ласкова, претседавачот на Централниот одбор на СДСМ, Диме Велковски, и претседателот на Комисијата за транспорт на СДСМ, Благој Бочварски.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“