Во Струмица се одбележуваат Свети Трифун и Свети Валентин

Од:

Струмица и струмичани ги одбележуваат Свети Трифун и Свети Валентин. На градскиот плоштад „Гоце Делчев“ од пладне се поставени „Љубовниот ѕид“ и „Љубовното гнездо“. Првата иницијатива е во организација на Младинскиот совет од Струмица. На ѕидот каде со црвени букви е испишан зборот „Љубов“ сите граѓани добиваат бесплатна фотосесија.

– За Денот на вљубените поставивме ѕид каде сите, без разлика на возраста ќе може да ја заклучат својата љубов. Потоа, овој ѕид ќе го краси градскиот парк, изјави Марија Варгаљакова, член на Младинскиот совет.

За атмосферата се грижат и членовите на оркестарот и хорот на СОУ „Гоце Делчев“ кои изведуваат балади во живо. Ѕидот кој го изработиле волонтерите на Младинскиот совет, потоа ќе биде пренесен во Градскиот парк.

Приватни стопанственици го поставиле „љубовното гнездо“, каде со чаша вино и фотографија граѓаните го овековечуваат денешниот ден. Цела Струмица е во знакот на виното и љубовта. Поголемиот број кафулиња вечерва организираат забави со роматничен музички репертоар.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски