(ВИДЕО) СДСМ: Веднаш да престанат заканите и притисоците во образованието

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ започна со препознатливи видови на политички притисоци и предизборна корупција во образованието, веќе видени во изминатите изборни циклуси.

Информациите доставени до СДСМ покажуваат со какви средства се служи власта во заминување во обид да изврши уште една изборна измама“, рече претседателот на Комисијата за образование, Петар Атанасов.

„Пред неколку денови од едно средно училиште од Скопје, од страна на МОН, се побарани податоци за учениците кои завршиле средно образование минатата година, кои треба да бидат доставени до 20 февруари. Бараните податоците се име и презиме на ученикот, број на мобилен телефон и меил адреса. Имено, се работи за идни гласачи кои за првпат ќе гласаат оваа пролет.

Во општинската зграда во Битола биле повикани наставниците кои биле вработени во училиштата од 2007 година до денес. Секако, се работи за партиска активност на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно власта во заминување решила да ја проверува лојалноста на вработените во нивно време, со политички притисоци врз нив.

Од страна на МОН и ДИЦ се уште не се објавени ранг листите на наставниците за екстерното тестирање од минатата година, коишто требаше да бидат објавени до септември 2015 година. Очигледнно намерата на власта во заминување е да калкулира со резултатите за да ги држи наставниците како заложници токму пред изборите.

Предупредуваме, наведените примери се строго казниви со изборните закони а нивното прекршување директно го загрозуваат правото на слободно изразување на изборната воља на граѓаните.

Апелираме до секој вработен во образованието, врз кого се врши притисок во функција на изборите тоа да го пријават до нас, до медиумите, до меѓународните и невладините организации задолжени за мониторинг на предизборниот и изборниот период.

Секој што го прекршил законот ќе одговора.

МОН треба веднаш да престане со манипулациите и притисоците врз средношколците!

Општините предводени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ треба веднаш да престанат со заканите врз вработените во образованието!

Не смее да има закани ниту да се заплашуваат наставниците и другите кадри!

Поради бескрајните злоупотреби за време на изборите и предизборниот период, бараме од Владата, во функција на фер и демократски избори, да не се одржи екстерното тестирање кон крајот на оваа школска година. На тој начин ќе бидат спречени можните злоупотреби од власта како предизборна корупција и манипулација во образовниот процес“, изјави Петар Атанасов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел