СДСМ: Фамилијарно-тендерските политики на Груевски поважни од здравјето на граѓаните

Од:

„Граѓаните во Македонија со месеци дишат загаден воздух, полн со канцерогени ПМ10 честички кој е штетен по нивното здравје.

Податоците од мерните станици покажуваат загадување на воздухот и во вечерните и во утринските часови.

Според последните податоци, загадувањето на воздухот во Скопје изнесува речиси 5 пати над дозволената граница, во Битола 7 пати, додека воздухот во Кичево, Кавадарци и Тетово содржи 4 пати повеќе ПМ10 канцерогени честички од дозволеното.

Со години ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за намалување на загаденоста на воздухот, додека медиумските курири го кријат овој сериозен проблем штитејќи ги криминалните фамилијарно-тендерски политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ потрошија 630 милиони евра за споменици, а граѓаните на Македонија дишат загаден воздух полн со опасни, канцерогени честички.

Само дел од овие 630 милиони евра можеа да се инвестираат во животната средина и целосно да се реши проблемот со загадувањето на воздухот.

Криминалните политики на Никола Груевски им одземаа 10 години живот на граѓаните.

Кога СДСМ ќе ја превземе одговорноста, ќе го сопре криминалот и корупцијата, парите ќе ги врати кон граѓаните и ќе обезбеди чиста и здрава животна средина. По промените, граѓаните во Македонија, кнечно, после долги години повторно ќе дишат чист воздух“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски