Олимпија ја изненади и победи Мега Лекс

Од:

Кошаркарите на Унион Олимпија славеа неочекувана победа во дуелот против Мега Лекс со 81-78, во натпревар од 24. коло на АБА лигата.

Гостинска победа вчера забележа и Партизан, кој со 83-65 славеше над Тајфун, додека единствено Цибона ја израдува домашната пубика со победата над Крка со 87-68.

Во првиот меч од ова коло, одигран во петокот, македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром загуби на гостувањето кај Задар со 84-72.

За денеска се закажани се дуелите меѓу Црвена Звезда – Сутјеска и Цедевита – Металац, а колото ќе биде комплетирано утре со натпреварот Будуќност – Игокеа.

Табела: Будуќност 21-2 (победи-порази), Црвена Звезда 17-6, Цедевита 17-6, Мега 16-8, Партизан 11-13, Цибона 11-13, Задар 11-13, У. Олимпија 10-14, МЗТ Скопје Аеродром 9-15, Крка 9-15, Игокеа 9-14, Металац 9-14, Сутјеска 8-15 и Тајфун 7-17.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос