Шефот на холандската дипломатија Берт Кундерс во посета на Македонија

Од:

– Министерот за надворешни работи на Кралството Холандија Берт Кундерс денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

Шефот на холандската дипломатија  ќе оствари средба со министерот за надворешни работи Никола Попоски и ќе биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.

– Во фокусот на разговорите на двајцата министри ќе бидат мигрантско-бегалската криза, претседавањето на Холандија со Советот на ЕУ и евроинтеграцискиот процес на Република Македонија, како и билатералните односи помеѓу двете држави, информира Министерството за надворешни работи.

За време на работната посета, Кундерс ќе го посети и Прифатниот центар за бегалци „Винојуг“ во Гевгелија, каде што ќе биде пречекан од државниот секретар на Министерството за внатрешни работи Анастасија Илиеска.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски