(ВИДЕО) Манчевски во прилепско: Заедно ќе ја вратиме Македонија на вистинскиот пат

Од:

„Прилепчани излегоа во голем број во центарот на Прилеп да го пречекаат потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски“, соопштуваат од СДСМ.

Поради криминалите на Груевски и фамилијата ве задолжија вас, граѓаните, вашите деца и внуци. Да не беше проектот Скопје 2014 ќе имаше за граѓаните ама ќе немаше за нивното лично богатење. Не задолжуваат за редовни обврски на државата, плати, пензии. Груевски и фамилијата 10 години единствено мислеа на сопствените бизнис интереси, истакна Манчевски на средбата со граѓаните на Прилеп.

„На средбите со Манчевски на пазарот во Прилеп граѓаните отворено зборуваа за изборните манипулации коишто власта во заминување ги правеше во овој град, потврдени со Вистината за Македонија“.

Затоа СДСМ инсистира на целосно исполнување на Договорот од Пржино  Груевски се плаши од фер и демократски избори бидејќи знае дека на тие избори ќе изгуби. Ова се последните неуспешни обиди на Никола Груевски за спас на сопствената кожа. Од правдата нема бегање, секој кој се огрешил пред законот, ќе одговара, потенцираше Манчевски.

Mancevski1

„На средбата со жителите на Тополчани граѓаните зборуваа за секојдневните маки со коишто се соочуваат.

Овде во Тополчани условите за работа за катастрофални, рече еден од земјоделците. Нема пат, нема системи за наводнување ама затоа има селективна исплата на субвенциите.

Бизнисменот на Груевски и Мијалков, Орце Камчев е најголемиот земјоделец во Македонија. Субвенциите не завршуваат кај вистинските земјоделци туку кај луѓето блиски до власта. Тоа мора да се промени, нагласи Манчевски и додаде дека Владата на СДСМ ќе ги зголеми субвенциите на 160 милиони евра, коишто ќе завршуваат кај вистинските земјоделци, навреме, кога им се најпотреби“, се вели во соопштението на СДСМ.

Mancevski4

Груевски е најголемото зло што и се случи на нашата земја. само со заеднички сили ќе ја вратиме земјата на вистинскиот пат, заклучи Манчевски.

Во Прилеп потпретседателот Манчевски беше придружуван од членовите на Извршниот одбор, Драган Тевдовски и Аднан Џаферовски како и пратениците Горан Сугарески и Хари Локвенец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел