Основниот суд Скопје денеска соопшти дека поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, не се во Република Македонија. Одлучувањето за барање притвор за нив е одложено.
Нивните адвокати доставиле до судот авионски билети, како доказ дека не можат во моментов да се јават на сослушување во судот, но дека ќе се јават тогаш кога ќе определи судот. На полномошните им е соопштено и записнички констатирано лицата да се јават во определено време што се смета за уредна покана.
Се очекува во текот на наредната седмица овие лица да се појават во Основниот суд Скопје на сослушување .
Во понеделник ќе се одлучува по жалбите што ги најави Специјалното јавно обвинителство.
Специјалното обвинителството во петокот побара притвор за осум лица осомничени за сторени изборни нерегуларности.