Поминале сито и решето и станале гордост на Норвешка

Од:

Индекс – Загреб

Во пролетта 2014 година 20-годишната Норвежанка Тора примила писмо од воените сили, кои ја повикале да се обиде во елитната единица „Јегертрупен‟, т.е. ловна единица, нова единица на специјалните сили и на прва тренинг програма во која се наоѓаат само жени.

Тора која штотуку матурирала, а била заинтересирана за кариера во војската, ги посетила воените сили на нивниот отворен ден и не се двоумела да се пријави.

„Чекав војската да смисли посилна специјалност за девојки‟, објасни девојката.

Норвешка, како Израел, ги отворила борбените позиции за жени во 1985 година, но само десет отсто во тие единици биле жени. Пред 1985 година жените служеле војска само на функции за поддршка како медицина или инжинерство. Бројот на жените во специјалните операции и понатаму е нула, земјата отворила специјални сили за жени, но само неколку од нив се пријавиле и ниту една не го поминала тестот. Кусокот на жени ја ограничило ефективноста на специјалните сили во меѓународните операции.

„Еден од големите предизвици во Авганистан е тоа што би влегувале во домовите, а не би биле во можност да разговараме со жени. Во модерното војување мора да бидете во можност да имате интеракција и со жените. Доволен број на женски војници беше оперативна потреба‟ – рече капетан Оле Видар Крогсаетер, командант на операциите на норвешките специјални сили.

Технолошкиот развој во дел е виновник за слабата партиципација на жените

Војниците денес носат повеќе тежина отколку во текот на Виетнамската војна, бидејќи заштитната опрема е потешка. Пред десет години забележани се многу фрактури на карлицата меѓу женските војници, а потоа било пресметано дека жените просечно носат 58 отсто од својата тежина кога на нив е цела потребна опрема.
Поради тоа, не е чудно што има малку жени во специјалните сили. Од 317 жени кои се пријавиле на иницијалното тестирање во Јегертрупен единицата, од нив поминале само 88. По испитите, мора да поминат исклучително тешки подготовки во модерна борба, против терористички операции, вештини за преживување како и операции зад непријателските линии.

На пример, Тора и другите членки на Јегертрупен тимот морале да преживеат и да работат четири дена без храна.

„Научивме дека сме способни многу повеќе од што мислевме до тогаш. Беше многу возбудливо што моравме да преживееме без храна‟ – рече Тора.
Само 13 кандидатки успеале да дојдат до крајот на едногодишниот курс во Јегетртрупен, многу од нив паднале или си отишле по своја волја. Голем број откажувања не е невообичаено, бидејќи и машките единици имаат речиси исти бројки, кога се работи за успехот на кандидатите.

До сега единицата Јегертрупен се покажала исклучително успешна
„Работат систематски и совесно, а како резултат добиваме тоа дека проблемите и задачите ги решаваат побрзо од машките војници‟ – рече Реичелт.

Полковникот Фрое Кристофсен, командант на Специјалните сили, потенцира дека женските војници неверојатно добро успеваат во одредени подрачја. На пример, покажале супериорност во пукање и многу добри опсервациски вештини. Поради сето наведено, Јегертрупен веројатно од пилот програма ќе се претвори во проширена програма во траење од уште барем три години.

Недостигот на жени во војската е вообичаен во развиениот свет. Женските војници и тие со чинови сочинуваат само 10 до 15 отсто единици во светот. Тоа е така затоа што во многу земји на жените им е забрането да учествуваат во борбени единици. Шведска и Канада во 1989 година отворија воени позиции за жени, додека Германија и Нов Зеланд тоа го направија дури во 2001 година. Оваа година и САД ќе ги укине сите рестрикции за женските војници.

Како што се менуваат конфликтите, физичките разлики меѓу женските и машките војници треба се помалку да значат, а женската улога ќе биде се поважна. Женските војници можат да комуницираат со жените, посебно тоа е важно во Авганистан.

Без оглед на напорите кои се преземаат за да се зголеми бројот на жените, тој и понатаму е низок. Токму затоа, многу нации ја земаат за пример Норвешка, која се смета за пионер кога се работи за тестирање на воените пракси. Некои земји веќе го контактирале Кристоферсен околу единицата Јегертрупен, вклучувајќи ги и командантите на американските специјални сили во Флорида.

Жените од единицата наскоро би можеле да добијат прилика да се докажат на терен. Норвешките специјални сили и понатаму се во Авганистан, работат како воени тренери. Тора и другите можат да бидат пратени на терен секој момент. Тора сега делува како прва инструкторка на единицата Јегертрупен. Нејзината цел е едноставна – „Сакам новите девојки да не победат, првата единица, во секое подрачје‟ – заклучи таа.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани