НДП: Владеењето на правото е императив за развојот на земјата

Од:

„Национална Демократска Преродба во континуитет има нагласено дека главниот збор за развојот на земјата кон евроатлантските структури е владеењето на правото и зајакнување на институциите.

Вчерашниот развој на настаните од страна на Специјалното Јавно Обвинителство го потврди конзистентниот став на НДП дека владеењето на правото ќе стигне кај секој поединец или групација што се осмелил да ги повреди и ослаби на максимум институциите на државата. Институциите на земјата со повредени толку длабоко од страна на деструктивните сили за еден подолг период, што се бара огромна работа од страна на сите прогресивни сили во земјата за да доведе до балансирање во враќање на владеењето на правото.

Национална Демократска Преродба во континуитет држил строг став дека ниту еден поединец или групација не ќе може да се прикрије под чадорот на партиското лого, без разлика дали се работи за едно лого или соработка на многу партиски логи, и ова се потврди уште еднаш од страна на вчерашната акција на Специјалното Јавно Обвинителство, иако многумина од внатре или надвор се сомневаа дека ова институција ќе има храброст да превземе вакви дејствија. Доколку овие дејствија на некому му изгледаа како незамисливо и дека може да се види само на филм, сега има кажуваме дека филмот е штотуку започнат.

Национална Демократска Преродба повикува на претпазливост, без емоции, кај сите прогресивни сили бидејќи деструктивните сили што имаат издејствувано во рамките на различни политички партии и институции на државата, нема лесно да се откажат“, се вели во соопштението на НДП.

Би можело да ве интересира

Тимоние на средба со Весел Мемеди во НДП, разговарано за причините за неучество на изборите

Ландов

НДП нема да учествува на изборите поради неуспехот на албанската опозиција да формира свој блок

А1он

НДП избра ново раководство

Ана Ололовска

Заврши вториот Конгрес на НДП, Весел Мемеди избран за претседател

Ана Ололовска

НДП го поддржува консензуалниот кандидат

Ана Ололовска

Мемеди: Време е правдата да зборува

Ана Ололовска