ЦИВИЛ со поддршка и честитки за професионалноста и храброста на СЈО

Од:

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја изразува својата поддршка и упатува искрени честитки до Специјалното Јавно обвинителство за професионалноста, посветеноста, доследноста и храброста.

Наспроти сите опструкции на власта во текот на преговорите за надминување на политичката криза, наспроти медиумската хајка на режимските новинари, наспроти дискредитацијата која доаѓаше од државни институции и политички партии и отсуството на соработка од Советот на Јавни обвинители, и низа други проблеми со кои се соочуваше во изминатите месеци – храбриот тим на Специјалната Јавна обвинителка Катица Јанева, денеска ги покажа првите резултати од својата макотрпна работа, конечно да им застане на пат на бескрупулозните злоупотреби и криминали на власта.

Ова е ден за паметење!

Овие вести ќе ги израдуваат многумина, кои долго време очекуваат конечно да завладее правото во Република Македонија. Газењето на човековите права и слободи, дискриминацијата, структурното насилство и изборните кражби во изминатите години, за кои ЦИВИЛ говореше постојано и гласно во своите извештаи од дологорочното набљудување, влегуваат во првата, рана фаза на својата разрешница.

Свесни сме дека пред нашата земја има уште многу предизвици и тешкотии, дека патот до враќањето на владеењето на правото, почитувањето на Уставот и на човековите права и слободи е долг и макотрпен. Затоа, ги повикуваме граѓанките и граѓаните да ја искажат својата доверба и со тоа да помогнат во работата на СЈО и на другите институции кои се одважиле да работат во служба на јавниот интерес, како и да споделуваат информации со ЦИВИЛ за нивните искуства и сознанија за злоупотребите и притисоците.

ЦИВИЛ останува посветен на својата работа и ќе продолжи со несмалено темпо да набљудува и да ја известува јавноста состојбите на теренот“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски