ЛДП: Правдата е достижна, е пораката која денес ја испрати СЈО

Од:

„Либерално-демократската партија изразува поддршка за професионалноста со која се носи Специјалното јавно обвинителство и истрагите кои продолжува да ги води и покрај огромните притисоци и опструкции со кои се соочуваат целиот овој период.

Сметаме дека денешното објавување на првата истрага под назив “Титаник“, со која се отвара истражна постапка за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори, уништување на изборен материјал и злоупотреба на средства за изборна кампања, во која се наоѓаат повеќемина осомничени, е доказ за независноста на СЈО, но и нивната решеност за враќање на вербата во правниот систем и достижноста на правдата.

ЛДП и понатаму силно ќе ја поддржува работата и независноста на СЈО, како исклучително важен елемент во спроведувањето на Договорот од Пржино“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство