Откриени фингирани кражби во Тетовско

Од:

Пријавителите на седум тешки кражби на златен накит во куќи  случени  минатиот месец се и извршители на овие кривични дела откако полицијата презела мерки за откривање на сторителите по пријавените кражби во Тетово и селата Доброште, Орашје, Боговиње,Теново и Ново Село, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, било утврдено дека кражбите се фингирани и лажно пријавени односно пријавителите самите го одземале нивниот или накитот на нивните најблиски.  За четири од кражбите во кој вкупната материјална штета се проценува на околу десет илјади евра  веќе се изготвени соодветни поднесоци  а за другите три ќе следуваат во најскоро време посочи Јосифовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас