Повреден уште еден градежен работник во Гостивар

Од:

Уште еден случај на повреден градежен работник во Гостивар. Втор за неколку дена.

Како што информираат од полицијата, несреќата се случила претпладнево околу 11 часот на објект лоциран на улицата Илинденска.

35 годишниот работник од селото Чегране изгубил рамнотежа и паднал долу од вториот кат. Од падот се здобил со сериозни повреди и инто бил пренесен на лекување на клиниките во Скопје. На местото на настанот е извршен увид и се работи на утврдување на причините и околностите под кои се случила несреќата.

Пред три дена работејќи на градежен објект во селото Здуње од 4 метри висина падна и се повреди работник од Врбен.

Би можело да ве интересира

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар – додека граѓаните сѐ уште се трујат

Тошковски: Водата во Гостивар сè уште не е за пиење, испитувањата ќе бидат почести

Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален e вкупниот број на прегледи

СДСМ: Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар