Историската зграда на Националниот музеј во центарот на Прага ноќеска по полноќ ја зафати пожар, кој по два часа пожарникарите го ставија во контрола, јави дописникот на МИА.
Според портпаролката на противпожарната служба Павлина Адамцова огнот зафатил 200 метри квадратни од покривот, а еден човек бил префрлен во болница заради вдишување на чад.
На местото на пожарот делувале 20 противпожарни единици и еден хеликоптер, а бил прогласен и највисок степен на опасност.
Поради реконструкција, во моментот музејот е празен.
Полицијата започна истрага за причината за пожарот, а раководството на Музејот најави дека во текот на денот ќе извести за висината на штетата.