Денеска претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, ја посети граничната полиција на Граничен камен 59 и бегалскиот камп, при што разговараше со припадници на полицијата и претставници на други државни институции и невладини организации.
Трајанов даде изјава за медиумите (меѓу кои и германскиот Spiegel) во која нагласи дека “полицијата, армијата и другите државни институции, како и невладините организации се добро организирани и успешно се справуваат со бегалците. Прифатот, првата помош, како и нивната подготовка за транзит се врши на координиран начин”.
Трајанов посебно потенцираше дека Република Македонија може да се соочи со сериозни безбедносни ризици доколку се зголеми бројот на бегалци и нивната селекција за тоа кој може да транзитира се врши на наша територија.
Тој истакна дека сите активности треба да се одвиваат во соработка со соседните држави, како и во содејство со Европската унија. Македонија нема потреба да гради кампови за подолг престој на мигранти бидејќи тие не сакат да останат овде.