(ВИДЕО) Сарач: Се сомневаме дека Латас се извини под притисок од други центри на моќ

Од:

Лидерот на Движењето за национално единство на Турците, Ердоган Сарач на донешниот протест пред Сител повика јавниот правобранител на Македонија да преземе законски дејствија врз Сител и уредникот на телевизијата. Сарач искажа револт затоа што коалициониот парнер на власта, Демократската партија на Турците, со што, според него, тој е поданик на вадејачката гарнитура.

– Следуваше јавно извинување на новинарот кон Турците во Македонија и Република Турција, но искажуваме сомнеж дека тоа извинување не е личен став на новинарот, туку тоа е направено под притисок на други центри на моќ во државата. Денеска како критична маса сме тука да кажеме дека тој во никој случај не може да биде предмет на нашата опсервација, но поради позадината задскриена зад него сме загрижени за Република Македонија, вели Сарач.

Тој обвини дека Латас исполнува туѓа агенда и бараат од сопственикот на Сител да се огради од говорот на омраза и да преземе мерки против него. Сарач вели дека доколку тоа не е направено ќе преземат други мерки.

– Исто така бараме да се огради и ВМРО-ДПМНЕ од него, како нивен трубач. Доколку тоа не дојде, тогаш отворено ќе кажеме дека оваа влада ја померува оската и се простува од Евроатланската интеграција, вели Сарач.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Државјани на Турција грабнале сонародници и од нив барале пари

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни

ВИДЕО: Латас и Лазаров пред судија – се одложи судењето за сексот во фиќо

А1он

Судот донесе решение: Латас остана без пасош, а нему и на Лазаров им е ограничен јавниот настап

А1он