Поради превртено возило од 7:35 часот изутрина во целосен прекин е сообраќајот на регионалниот пат Виница-Берово, во близина на село Лаки, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
Според АМСМ, од шест часот изутрина укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Маврово и на планинскиот премин Стража.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба.