Tурците во Македонија денеска организираат протест по, како што велат, вчерашната навреда од страна на уредникот на телевизија Сител, Драган Павловиќ Латас. Која ја прелеала чашата.
Еве што стои во повикот објавен на ФБ:
Дрскоста на Драган Павловиќ – Латас нема крај, паниката и нервозата е видлива и прекумерна. Во денешниот Дневник во кое што гостуваше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, уредникот на Дневникот, Драган Павловиќ Латас ме навреди мене и сите припадници од турска националност, согласно законот за граѓанска одговорност за изречена клевета или навреда.
Ве повикувам сите слободоумни граѓани утре (четврток) точно напладне во 12 на мирен протест пред Влада на Република Македонија да го изразиме нашиот револт против дрската навреда кон нас турците, а во 13 часот пред телевизија Сител.
Протестот има за цел да побара:
– Владата да се огради од коментарот на Драган Павловиќ Латас ( поради тоа што тие се најголеми финансиери на ТВ Сител)
– Бараме сите партии со предзнакот турски да излезат од коалиција со ВМРО ДПМНЕ;
– Бараме пратениците во парламентот на Република Македонија да побараат одговорност од Тв Сител;
На истиот протест ќе се договориме за да поднесеме групна тужба против уредникот на Дневникот на Тв Сител, Драган Павловиќ Латас согласно законот за граѓанска одговорност за изречена клевета или навреда.
Се гледаме утре НИЕ ТУРЦИТЕ НЕ ЛАЖЕМЕ!