Паѓаат акциите на Епл

Од:

Извештајот на IDC вели дека како резултат на падот на акциите на Епл , се зголемила вредноста на акциите на неговиот ривал – Самсунг. Јужнокорејската компанија бележи скоро двоен раст на вредноста на акциите и тоа од 9,4% во вториот квартал на годинава, до 18,4% во последниов квартал.

Амазон кој ги произведува Киндл таблетите, го држи третото место со 9%, по него следува Асус со 8,6% и Леново со 1,4%. Но IDC смета дека акциите на Епл можеби се паднати поради тоа што луѓето чекаа да го купат Ајпад мини, но веројатно во наредниот период и акциите на Епл ќе имаат раст.

Како и да е, според IDC, а и најголемиот дел од потрошувачите, центата на новиот Ајпад мини од 329 долари, е навистина висока во споредба со најновите Андроид таблети со слична димензија на диспејот кои се продаваат за скоро двојно поефтина цена.

Самсунг во третиот квартал на годинава има продадено 5,1 милиони таблети што е зголемување за 115 проценти во споредба со вториот квартал годинава, додека Епл се пофали со 3 милиони продадени таблети (Ајпад мини и Ајпад 4) за само три дена откако се пуштени во продажба. Општо, таблетите оваа година бележат раст на пазарот за 49% во споредба со минатата година.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска