Започна кампањата за претседателските избори на Филипините

Од:

На Филипините започна тримесечната предизборна кампања на кандидатите за нов претседател на оваа 100 милионска држава, за изборите што ќе се одржат на 9 мај.

Во Манила и другите градови до доцна во ноќта се одржаа првите митинзи, кои, според првите реакции на политичките аналитичари, повеќе личеле на масовни забави од колку на сериозни собири.

Ваквата слика, додаваат аналитичарите, ќе се гледа и натаму, бидејки таквите манифетации се сметаат за најдобар пат за привлекување на симпатиите и поддржката на емотивните Филипинци.
Во трката за наследник на сегашниот претседател Бенињо Акино се пет кандидати кои имаат реални шанси да ја добијат поддршката на гласачите. Во анкетите води сенаторката Грејс Пое, посвоена ќерка на популарни филмски артисти. Таа кампањата ја започна со најави за успешна борба за надминување на сиромаштијата и дополнување на законот за медиумите, инаку прогласен за најдемократски воАзија.

Сериозен противник на Пое е сегашниот потпретседател Јехомар Бинаи, а изгледни шанси има и поранешниот министер за внатрешни работи Мар Роксас.

За местото прв човек на Филипините кандидати се и сегашниот градоначалник на Манила, Родриго Дутерте, познат по борбата со корупцијата и сенатороката Мирјам Сантјаго.

Сегашниот претседател Акино лани се обидуваше да го смени Уставот и да добие право да се кандидира за втор шестгодишен мандат, но не успеа. Правилото претседателот на Филипините да ина само еден мандат го воведе мајка му, Корасон Акино, која стана прв претседател на државата по соборувањето на диктаторот Фердинанд Маркос во 1986 година.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски