Во регионалната кошарка Балканска лига (БИБЛ) денеска и утре на програмата се натпревари од 2.коло во втората (четвртфинална) фаза.
Во рамките од Ц група, двете црногорски екипи ќе играат на домашен терен и тоа Теодо e домаќин на Берое, додека во Бар, Морнар го пречекува Башкими.
Во групата Д, вечерва се игра натпреварот во Приштина меѓу шампионот на БИБЛ, екипата на Сигал и Левски од Софија.
Утре пак од 19.30 единствениот македонски претставник во ова натпреварување Кожув и гостува на екипата на Пеќ.