Кирацовски: Министерката направи кривично дело

Од:

Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска изврши притисок врз административните службеници, го прекрши законот за Влада во член 49, со што направи злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата. Тоа е факт од неменлива категорија! За тоа кривично се одговара, одговара дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски на реакцијата од министерката Марта Арсовска Томовска.

„Министерката нема законско право да го ограничува пристапот на дополнителниот заменик министер до акти, документи и информации кои му се на располагање на министерот. Исто така, министерката нема право да креира т.н. ‘процедури и правила за увид на предмети по барање на дополнителниот заменик министер’, опишани во импровизираниот и незаконски допис до вработените. Очигледно е дека ВМРО ДПМНЕ од нешто се плаши! Повторно ја повикуваме министерката да го повлече небулозниот и незаконски допис, што повлекува нејзина кривична одговорност. Ги охрабруваме сите вработени во Министерството и администрацијата да не потклекнуваат на вакви незаконски дописи!“, се наведува во реакцијата на Кирацовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација