Ќерката на Трифуновски: Татко ми ме бранеше од насилници

Од:

Малолетната ќерка на обвинетиот гостиварски полицаец Јаким Трифуновски кој во февруари годинава уби двајца соседи на паркинг во Гостивар, изјави: „Татко ми ме бранеше од насилници“.

Изјавата девојчето ја кажало пред лекари во психијатриска болница кои оцениле дека 10-годишното дете е интелигентно, раскажувало детали за настанот, не фантазирало, ниту, пак, измислувало, објави „Нова Македонија“.

„На почетокот на разговорот со стручните лица, девојчето било вознемирено, но, потоа се опуштило и почнало детално да го раскажува настанот. Според девојчето, непознатите се фрлиле да го тепаат нејзиниот татко, па тој се обидувал да ја заштити и одбрани. Вештаците утврдиле дека девојчето паметело многу детали и дека не фантазирало, ниту измислувало“, се наведуваат делови од исказот.

Лекарите утврдиле дека во моментот кога нападнал, полицаецот Јаким Трифуновски бил пресметлив, но, тој реагирал со голем афектен страв, па неговото однесување било окарактеризирано како импулсивно.

Би можело да ве интересира

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он