Словенија и официјално го предложи Данило Тирк за генерален секретар на ОН

Од:

Словенечкиот амбасадор во ОН вчера на претседателот на Генералното собрание Могенс Лукетофт и на претседателот на Советот за безбедност Рафаел Дарио Рамирез Карен, официјално им ја поднел кандидатурата на поранешниот претседател на Словенија, Данило Тирк за нов генерален секретар на Светската организација.

Тирк, кој беше словенечки претседател од 2007 до 2012 година, е професор по меѓународно право и некогашен претставник на Словенија во ОН.

Со ова Тирк се надоврза на списокот на кандидати за наследник на сегашниот генерален секретар Бан Ки-мун, чиј мандат истекува кон крајот на годинава.

Кандидатурата на Тирк има силна поддршка од коалициската Влада на словенечкиот премиер Миро Церар и од претседателот на Словенија, Бурот Пахор, кој и го наследи на претседателската функција.

Но, резерва кон кандидатурата на Тирк јавно изрази опозициската Словенечка демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша, која смета дека неговиот претседателски мандат бил „обележан со изразита политичка пристрасност во корист на левицата“, дека во „повеќе наврати пропуштил да го осуди кршењето на човековите права и злосторствата на некогашниот комунистички режим по Втората светска војна“, кои се обелоденети во 90-те години на минатиот век со откривањето на масовни гробници на територијата на Словенија од поствоениот период.

Кандидатот за иден генерален секретар на ОН, согласно процедурата ќе го избере Советот за безбедност на Светската организација, кој потоа ќе му предложи негово именување на Генералното собрание.

Се верува дека процедурата би можела да биде завршена до на есен.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг