Претседателката на Јужна Кореја, Парк Гуен-хје, американскиот претседател Барак Обама и јапонскиот премиер Шинѕо Абе договориле заеднички напори за воведување силни и ефикасни санкции од СБ на ОН против Северна Кореја.
Како што соопшти Кабинетот на Пак, во телефонски разговор со Абе и Обама било истакнато дека санкциите би се вовеле по ракетната проба на Пјонгјанг извршена во викендот.
Обама изјавил дека ракетните проби на Северна Кореја се директна закана за безбедноста на САД и нивните сојузници.
Парк и Обама се со став дека врз Северна Кореја треба да има и дополнителни санкции освен тие на ОН, се додава во соопштението од Кабинетот на Парк.