Продолжение на 91. собраниска седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 91-та седница.

На дневен ред се предлог законите за изменување и дополнување на законите за упатување работници од Македонија во други држави за изведување градежни работи преку проектни  договори и за вршење други сезонски работи, за мирно решавање работни спорови, за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, за употреба на знаковниот јазик, за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, сите во второ читање.

Пратениците треба да расправаат и за предлог законите за изменување и дополнување на законите за безбедност и здравје при работа, за работните односи, за пензиското и инвалидското осигурување, за инвалидски организации, за социјалната заштита, за заштита на децата, за агенциите за привремени вработувања, во второ читање.

Меѓу точките од дневниот ред се и  Дополнетиот предлог на закон за слободните здравствени зони, во второ читање, предлог законите за дополнување на законите за  градење и за градежно земјиште, како и  измени на закони од областа на здравството, финансиите, сообраќајот, ….

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on