По допрен глас, Основното јавно обвинителство – Скопје оформило случај за трагичната смрт на Тамара Димовска од Велес.
„Од преземените дејствија произлезе дека како осомничени се јавуваат повеќе лица за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата од чл. 353 -в од Кривичниот законик. Во својство на осомничени, лицата се повикани да дадат изјави пред надлежниот јавен обвинител. Истрагата продолжува во насока на целосно расветлување на случајот.
По завршување на сослушувањето ќе биде донесена мериторна јавно обвинителска одлука за која јавноста ќе биде навремено известена.“, стои во соопштението на Обвинителството.