Трета НФЛ титула за Денвер Бронкос

Од:

Екипата на Денвер Бронкос го освои трофејот во јубилејниот 50. Супер Бол, откако славеше против фаворизираната Каролина Пантерс со 24:10 (10:0,3:7,3:0,8:3).

Херој на мечот беше одбранбениот играч на новиот шампион Вон Милер, а најкорисниот играч од првенството квотербек Кем Њутон, го загуби дуелот со ветеранот Пејтонг Менинг (39) кој како стартер стигна до втората титула со два различни тима во лигата.

За МВП (најкорисен играч) на Супер Бо е избран Вон Милер, додека Менинг кој го одигра својот последен меч заврши со 141 префрлени јарди.

МВП-то од сезоната Њутон стигна до 265 префрлени јарди, но ја продолжи традицијата од сезоната 1999/2000, најкорисниот играч од лигашкиот дел да не победи во најважниот натпревар.

Тренерот на Денвер, Гери Кубиак стана првиот тренер со победа во Супер Бол како ирач и тренер со ист клуб.

Би можело да ве интересира

Том Брејди потврди дека се повлекува по 22 години и 7 титули

А1он

ВИДЕО: Ворен „Вава“ Снајп ја преведуваше химната на знаковен јазик и стана хит на „Супербол“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Вечниот Том Брејди го освои „Супербоул“ и со Тампа Беј

Катерина Ѓуровски

Израмнет рекорд стар 91 година во НФЛ лигата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Невидена тепачка во НФЛ, двата тима се обидуваа да ги разделат Вимс и Гарднер-Џонсон

Жарко Настоски

Прв случај на КОВИД-19 во НФЛ

Ана Ололовска