Поповски повторно: Огласи за 500 до 600 работни места на ден е реалност

Од:

Секојдневно се објавуваат од 500 до 600 огласи за работни места, тоа е реалност  и може да се види на веб порталот на Агенцијата за вработување на РМ, изјави денеска претседателот на АВРМ Влатко Поповски, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на дисперзирана канцеларија на Агенцијата во Струмица.

– Би ве повикал да го погледнете Веб порталот на агенцијата, ако секој оглас трае 5 работни дена и ако на порталот на агенцијата има во просек некаде 7 илјади работни места денеска, и еве да земеме во просек дека се 4 илјади работни места и ако го поделиме тоа да се менуваат на секои шест дена, еве не мора пет, тогаш доаѓаме до бројка секој ден се објавуваат до 600 новообјавени позиции од страна на работодавачите. Старите се тргаат. Мора да нагласам дека дел од овие огласи се реобјавуваат по неколку пати, рече Поповски, прашан дали бројката за огласените секојдневни работни места е реалност или фикција.

Според него, можеби треба да се смени самото мислење на работодавачите дека треба да стават поголема плата или подобри услови кои треба да се нагласуваат во огласот.  Најави дека во наредниот период ќе се обиде да направам анализа на неуспешни огласи и колкава плата понудиле, колку биле успешни и со колкава плата и какви квалификации барале за да се  види што е проблемот и како да се решава.

– Инаку дека секојдневно се објавуваат од 500 до 600 огласи за работни места тоа е реалност.  И може да се види од порталот. Огласот трае пет дена, стариот се симнува, новиот се објавува. Ако имаме по четири илјади огласи дневно во просек последниве три години значи дневно се објавуваат околу 500 до 600 огласи, рече Поповски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата преку Фонд за млади умови и засилена практична настава ќе ја зголемува вработеноста на младите

А1он

Заев: Нови 49.552 вработувања за две години

А1он