Миќев бара поништување на одлуките по последното Претседателство во УПОЗ

Од:

Игор Миќев, претседател на синдикатот на вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство тврди дека бил нестатутарно  разрешен од претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски и најави дека ќе поднесе тужба до судот за поништување на сите одлуки  по одржаното последно Претседателство во синдикатот на 26 јуни лани.

Грујовски, тврди Миќев, „спротивно на Статутот на Синдикатот на УПОЗ  испратил допис до Министерството за труд и социјална политика со кој бара да се изврши промена во Централниот регистар на РМ во тековната состојба за да биде избришан податокот дека претседател на Синдикалната организација при МЗШВ е Игор Миќев и да се изврши упис на друго лице кое именувал спротивно на статутот на Синдикатот на УПОЗ“.

Согласно важечкиот статут на Синдикатот на УПОЗ, додаде Миќев, членот кој е исклучен има право на жалба од 15 дена од приемот на истата, до  Статутарната комисија на Синдикатот, а доколку не е задоволен може да се жали до Претседателството на Синдикатот на УПОЗ.

Жалбата, појасни, го одлага исклучувањето додека по неа не се произнесе Претседателството.

– Поради овие случувања ја повикувам министерката Фросина Ременски, заедно со службите кои работат во МТСП убаво да го прочитаат статутот да увидат што предвидува тој и да не носат предвреме решение кое само уште повеќе ќе ги става во позиција на кршење на Законот за работни односи, рече Миќев. 

Според него,  „иако Ременски знае дека се нелегитимни и нелегални сите документи кои се доставени од страна на лицето Пецо Грујовски таа, наместо решение за упис на сите документи од нелегално одржано собрание до Централниот регистар на Република Македонија испратила известување и бара да се постапи по него спротивно на Законот за работни односи членовите 190, 191 и 192 193“.

– Целокупниот наш ангажман во моментов е да докажеме на институциите дека лицето Пецо Грујовски не го почитувал ниту статутот ниту законите во Република Македонија па поради овие негови злоупотреби освен поднесената кривична пријава до Основното јавно обвинителство, ќе поднесеме и тужба со која ќе бараме од Судот поништување на сите одлуки кои се донесени на нелегален начин, по последно одржано претседателство од 26.06.2015 година, рече Миќев.

– Ќе побараме од Судот да донесе времена мерка со која би се стопирала понатамошната штета која ја прави лицето Пецо Грујовски на Синдикатот на УПОЗ, да се стопира и поништи нелегалниот реизбор и да се разгледаат сите документи кои беа доставувани од наша страна до релевантните институции,  бидејќи ние сметаме дека сега тој во овој временски простор  злоупотребува се и врши и понатаму незаконски дејства со тоа што по незаконски и нелегален статут разрешува или назначува лица за претседатели на синдикалните организации спротивно на изборот на членовите, па за овие разрешувања исто така ќе има тужба, додаде Миќев.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза