Надзорната собраниска комисија ја посети Агенцијата за разузнавање

Од:

Во работна посета на Агенцијата за разузнавање денеска престојуваа членови на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и Агенцијата за разузнавање (АР).

Посетата, како што соопшти АР, е на барање на собраниската Комисија, а по претходна иницијатива за тематски средби и подготвеност за соработка на Агенцијата со членовите на Комисијата.

Пред членовите на надзорната собраниска комсија се презентирани aктивностите на АР кои се преземаат за идентификување на безбедносните закани кои произлегуваат од  активности на поединци и групи кои манифестираат насилен екстремизам и верски радикализам со потекло од земјите на Балканот и нивната поврзаност со терористички структури на Блискиот Исток и во земјите членки на ЕУ. Претставени се и  опасностите од џихадистичките борци кои војуваат во Сирија и Ирак, а се со потекло од Македонија и земјите на Балканот за вршење терористички активности во регионот и Европа и за инфилтрирање припадници на терористички структури од кризните региони во рутата за движење на бегалците преку балканскиот коридор, соопшти Агенцијата за разузнавање од каде ги презентирале и  соработката и активностите со партнерските служби во насока на размена на податоци и заеднички операции на терен.
На средбата била упатена благодарност до членовите на Комисијата од различните пратенички групи кои поднесоа заедничка иницијатива за зголемување на средствата за работа на Агенцијата за разузнавање за Буџетот за 2016 година.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза