Евролига: Бросе Баскет ја изненади Барселона

Од:

Во кошаркарската Евролига синоќа беа одиграни четири натпревари од 6.коло во ТОП 16 фазата. Најголемото изненадување се случи на дуелот одигран во Бамберг, каде екпиата на Бросе Баскет ја совлада шпанската Барселона со 74-70. Ова беше единствениот меч одигран синоќа во рамките од Ф групата.

Голема неизвесност имаше и на натпреварот од Е групата одигран во Истанбул, каде Дарушафака до првата победа во ТОП 16 стигна во дуелот против Црвена Звезда која ја совлада со 69-66. Победи на гостински терен забележаа Панатинаикос против Цедевита со 78-60 и Локомотив Кубан кој во Малага ја победи Уникаха со 82-64.

Денеска на програмата се нови четири средби, а двојките се: Анадолу Ефес – Фенербахче, Жалгирис – ЦСКА Москва, Реал Мадрид – Лаборал и Олимпијакос – Кимки.

Табела – Е група: Фенербахче 5-0 (победи-порази), Локомотив Кубан 4-2, Анадолу Ефес 3-2, Црвена Звезда 3-3, Панатинаикос 3-3, Уникаха 2-4, Цедевита 2-4, Дарушафака 1-5.

Табела – Ф група: Химки 4-1, ЦСКА Москва 3-2, Лаборал 3-2, Реал Мадрид 3-2, Бросе Баскет 3-3, Олимпијакос 2-3, Барселона 2-4, Жалгирис 1-4.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска