Владиниот авион ги врати петмината исчезнати Чеси од Либан

Од:

Денеска попладне со специјалниот авион на чешката Влада беа вратени во земјата петмината Чеси кои минатата година исчезнаа во Либан, јави дописникот на МИА од Прага. Меѓу нив е вработен на Военото разузнавање, адвокат, преведувач и двајца новинари. 

Чешкиот министер за одбрана Мартин Стропницки за порталот на весникот ,,Хосподарске новини” спомена дека Чесите биле ослободени во замена за тоа Чешка да не го предаде во САД, Либанецот Али Фајад. 

Фајад, кој со меѓународна потерница од САД се бара за тероризам и трговија со дрога, се наоѓаше во притвор од 2014 година.

Американската амбасада изрази ,,шокираност” од одлуката на Прага и според амбасадорот Ендрју Шапиро таквата одлука ќе влијае на соработката на двете земји. 

Иако се уште нема никаква потврда, Шапиро додаде дека покрај Фајад  е ослободен и Халид ел Мараби и дека таквиот вердикт ќе ги окуражи терористите и криминалците во светот. 

Двајцата Либанци, од кои едниот има украински пасош, а другиот од Брегот на Слоновата коска наводно веќе се наоѓаат на слобода. 

И чешкиот министер за правда, Роберт Пеликан потврди дека е донесена политичка одлука да не се предадат на САД, двајцата затвореници.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница