ВИДЕО: Независниот синдикат бара исплата на годишниот бонус за вработените

Од:

Независниот синдикат на полицијата бара од Министерството за внатрешни работи исплата на годишниот бонус на вработените во полицијата која изнесува колку една просечна плата во Македонија и е уреден согласно законот и колективниот договор.

Како што велат од синдикатот ова се случува поради затаеноста на службите во Секторот за финансии во МВР.

-Итно свикавме седница во текот на вчерашниот ден и донесовме одлука за јавно презентирање и барање прво до министерот, а потоа од сите останати раководители во сите организациони единици во МВР веднаш да ги изготват списоците на сите вработени кои одработиле повеќе од 151 работен час во 2015 година и истите да се достават до секторот за финансии да се изврши исплата за сите вработени кои направиле вишок на работни часови, вели Гоце Делчев, претседател на Независниот синдикат на Полицијата.

Од синдикатот велат дека доколку не се исполни нивното барање за исплата на бонусот кој ги следува вработените, правдата ќе ја бараат преку судот.

Како што вели Делчев, барањето е испратено и до министерот Оливер Спасовски на што тој потврдил дека за прекувремената работа на работникот му се исплаќа вонреден работен додаток на плата согласно законот и колективниот договор и неопходно е барањта да бидат комплетирани со доставување на точни и конкретни податоци на вработените како и приложување докази за основаноста на истите.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена